Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека неколку беспилотни летала, за кои постои сомневање дека се лансирани од Либан, го погодиле северниот дел на Голанската висорамнина, а во нападот нема повредени.
ИДФ тврди дека истрелала проектили-пресретнувачи на цели кои влегле во израелскиот воздушен простор, но се верува дека не биле соборени дронови, пишува Тајмс оф Израел.
Ракетни сирени се огласиле во неколку градови на северот на земјата, во близина на границата со Либан.