Неколку илјади мигранти од Мексико заминаа кон САД

epa09999427 Thousands of migrants walk in a caravan towards the northern border, in the city of Tapachula, in the state of Chiapas, Mexico, 06 June 2022. An unprecedented caravan of nearly 15,000 migrants, the largest to date, left Chiapas, on the southern border of Mexico, heading for the United States, against the background of the Summit of the Americas, which begins today with migration as a priority. EPA-EFE/Juan Manuel Blanco

Околу 15 илјади мигранти денеска групно заминаа од јужниот дел на Мексико кон САД, на првиот ден од самитот на американските држави во Лос Анџелес, каде што ќе се разгледува прашањето за мигрантите.

Групата, составена од мажи, жени и деца од централна Америка и Венецуела, тргна на дожд од Тапачула на границата со Гватемала до границата со САД на повеќе од 3.000 километри на север.

„Мигрантите не се криминалци, тие се меѓународни работници“, пишува на транспарент што го носат мигрантите. Некои викаат „Слобода“ и „Сакаме визи“.

Неименуван претставник на невладина организација која ги следи мигрантите рече дека лидерите на самитот треба да знаат дека мигрантите и нивните семејства не се „средство за постигнување идеолошки и политички интереси“.

Со месеци, бројот на луѓе кои сакаат да влезат во САД поради сиромаштија и насилство во Централна Америка и Хаити постојано се зголемува.