Неколку интересни факти за автомобилските компании

Во продолжение неколку интересни факти за автомобилите и автомобилските компании:

Неверојатни 75 отсто од сите автомобили коишто ги прозвела компанијата „Ролс Ројс“ се се’ уште во возна состојба.

Компанијата „Мерцедес“ ја основал австро-унгарскиот конзул Емил Јелинека, кој одлучил својата компанија да ја крсти по името на својата ќерка Мерцедес.

Пакистанците во 2010 година го срушија рекордот на луѓе кои успеале да влезат во „смарт“ кола. Ги собрало дури 19.

Најпродаван автомобил во историјата е „тојота корола“. Од почетокот на производството во 1966 година до сега се продадени повеќе од 40 милиони примероци.

Најголемата казна во историјата за брзо возење е изречена во Швајцарија, а изнесувала дури милион долари.

Моментално во светот се користат околу милијарда автомобили, а сите производители заедно секојдневно произведуваат повеќе од 165.000 автомобили.

Најскапиот автомобил во светот не е ниту „бентли“, ниту „ферари“, туку „ламборгини венено“, којшто е производен во девет примероци. Брзината која ја достигнува е 355 км/ч, а чини 4,5 милиони долари.

Само-возечките автомобили на Google во текот на тестирањата пројдоа повеќе од 500.000 километри, а притоа беа дел од две сообраќајни несреќи. Во двете несреќи дошло до човечка грешка, а резултатот беше само мала материјална штета.

„Ферари“ ја негува традицијата на ексклузивен бренд, па намерно произведува само 14 автомобили на ден, додека на пример „Тојота“ секој ден произведува дури 13.000 возила.

Во текот на јубилејната епизода на шоуто на Опра Винфри во 2004 година, секој од 276-ти гледач во студиото добил нов „понтијак Г6“ вреден 28.500 долари. Што значи вкупната вредност на поделените автомобили надминала 7,9 милиони долари.