Неколку мртви во пукањето во трговскиот центар во Копенхаген

Неколку луѓе се убиени во неделата во пукањето во трговскиот центар на данската престолнина Копенхаген, објави полицијата којашто уапсила 22-годишен Данец и не отфрла дека станува збор за тероризам.

За загинувањето на засега непрецизиран број луѓе, откако претходно информираше за неколку ранети, медиумите ги извести началникот на копенхашката полиција, Сорен Томасен.

Претходно данското јавно радио објави дека најмалку три лица настрадале во пукање во трговскиот центар „Field’s“.

„Има неколку ранети и неколку убиени“, одговорил началникот Томасен и додал дека засега се чини дека во трговскиот центар нема уште напаѓачи.

Додал дека засега не се познати мотивите за нападот на приведениот 22-осомничен етнички дански државјанин. Истовремено, полицијата објави дека не ја исклучува терористичката заднина на пукањето.

Инцидентот бил пријавен околу 17,30 часот по локално време, по што полицијата го засилила своето присуство не само во област на трговскиот центар во близина на аеродромот „Каструп, туку и на друго фреквентни локации во Копенхаген.

Главната копенхашка болница „Rigshospitalitet“ примила на лекување „мала група пациенти“, соопшти нејзиниот портпарол. Додал дека болницата повикала дополнителен персонал, вклучително хирурзи и медицински сестри.