Музејот на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“ кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во земјава од почетокот на 20 век сè до денес.
– Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите…Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле Живот! и го запечатиле нивниот.Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот, наведоа од Музејот.
Оттаму посочија дека поради вонредната состојба, проектот е поставен на нивната веб страна www.mmb.org.mk и нивните канали на комуникација на социјалните мрежи. Неколку нијанси женски приказни се достапни на https://tinyurl.com/y857h95a и на https://youtu.be/_06atF51SkI.
Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.