Неколку повредени во протестите против конгресот на AfD

Неколку полицајци и најмалку еден демонстрант се повредени во саботата кога протестот против одржувањето на конгресот на евроскептичната и антидоселеничката партија Алтернатива за Германија (AfD) во Хановер станал насилен, соопшти полицијата.

Властите употребиле водени топови за да растераат неколку стотици демонстранти кои формираа улични блокади, да го попречат пристапот до сообраќајниците кои водат до местото на одржување на партискиот конгрес, соопшти портпаролката на полицијата во Хановер.

Телевизиските снимки покажуваат демонстранти кои ги растерува полицијата.

Портпаролката додаде дека еден полицаец е задржан во болница поради повреда на раката откако демонстрант го гаѓал со шише, а еден демонстрант скршил нога и е хоспитализиран.

Партискиот конгрес на AfD започна и покрај немирите, а се очекува дека на него ќе се дискутира меѓу радикалните и традиционалните конзервативни струи во самата партија.