Неколку ранети во напад со нож во Холандија

Неколку луѓе се сериозно ранети во напад со нож во холандскиот град Лејден во петокот.

Полицијата соопшти дека трага по маж кој повредил неколку лица во куќа во центарот на градот рано утрото. Осомничениот има повреди на главата, додава полицијата и ги предупреди граѓаните да не му приоѓаат на тој маж.

Нападот се случил во хуманитарен центар во кој се сместени неколку социјални установи, објави холандскиот јавен сервис NOS.

Порталот NL Times, повикувајќи се на објава на полицијата на Хаг на Twitter премесува дека три лица сериозно биле прободени со нож околу 9,30 часот по локално време. Поради сериозноста на повредите итните служби интервенирале со два медицински хеликоптера и неколку амбулантни возила. Очевидци изјавиле дека полициски хеликоптери сѐ уште ја надлетуваат областа каде што се случил нападот.

Сѐ уште нема прецизни извештаи за она што се случоло во волонтерскиот центар за социјални грижи. Според очевиците, осомничениот е „темен маж“ со куса коса и брада, облечен во син џепмер и темни панталони и рана на главата.

Инцидентот се случил во „Diaconal Center De Bakkerij“. Станува збор за заеднички проект на Римо-католичката црква за давање помош на жителите на Лајден. Специјализиран е да им помагаат на бегалците, бездомниците, раселените лица, на лицата кои се изложени на ризик да станат изолирани од општеството и на оние кои запаѓаат во итни финансиски проблеми, според нивната веб-страница.