Неколку совети за совршен тен

Неколку совети за совршен тен
Неколку совети за совршен тен

Веруваме дека сте слушнале голем број совети за правилната нега на лицето и дека многу пати сте се разочарале. Јасно е дека сите ние бараме чист и блескав тен, но режимот што одговара на вашата најдобра пријателка, не значи дека ви одговара и вам. Затоа е многу важно да го запознаете вашето лице и во целост да му се посветите.

Еве осум универзални тајни што одговараат на секој тип кожа.

Здрава исхрана

– Во 2013-та изгубив речиси 27 килограми така што воведов мали промени во начинот на исхраната, го исфрлив лебот, тестенини, шеќер и готовата храна и ги заменив со протеини, зеленчук и здрави масти. Подобрувањето во мојот изглед и енергијата е неверојатно, и сите тоа го примениле. Свежиот зеленчук од пазар на кожата и пружа хранливи состојки кои се одразуваат на нејзиниот изглед. Исхраната богата со протеини им пружи на ќелиите на кожата ефикасна хидратација. Тајната се крие во здравиот режим на исхрана, вели д-р Харолд Ланцер, дерамтолог.

Добар сон

Голем број луѓе немоѓат да сватат колку добриот сон влијае на забавувањето на стареењето на кожата. Физиолошки гледано, кожата има голем број фукции што треба да ги обработи во текот на денот, вклучувајќи ги процесите на метаболизмот, борбата со УВ зраците, заштитата на телото против патогените и регулирање на телесната температура. Во текот на сонот, кожата ги врши своите најзначајни функции, вклучително и на производството на колаген и еластин што се одговорни за нејзината цврстина и еластичност, вели дерматологот д-р. Ава Шамбан.

Допирање и „копање“ на лицето

Копањето на мозолчињата е доста честа навика која предизвикува иритација на кожата, зголемено црвенило и ширење на бактерии (што може да предизвика дополнителна инфекција). Доста е тешко да се ослободите од оваа тешка навика, па ви препорачувам да се обидете да користите третмани за лице на база на салицилна киселина за да ја спречите појавата на бактерии и воспалението на кожата. Ако се влоши состојбата задолжително посетете го вашиот козметичар или дерматолог. Тие се единствените што би требало да ја испитуваат вашата кожа, вели Џина Мари, основач на Џина Мари скинкер.

Редовно чистење на лицето

Посветете се на негата на вашето лице, миете го темелно. Иако овој процес ви се чини крајно едноставен, многу често луѓето брзаат и немаат време да му ја пружат потребната нега на лицето. Ако вие спаѓате во таа група на луѓе и свесни сте дека не го миете вашето лице како што би требало, длабински и темелно, мастите ќе се задржат на него, вели Џенифер Крамер, основач на Коректив скинкер.