Веруваме дека сте слушнале голем број совети за правилната нега на лицето и дека многу пати сте се разочарале. Јасно е дека сите ние бараме чист и блескав тен, но режимот што одговара на вашата најдобра пријателка, не значи дека ви одговара и вам. Затоа е многу важно да го запознаете вашето лице и во целост да му се посветите.
Еве осум универзални тајни што одговараат на секој тип кожа.
Здрава исхрана
Доколку воведете мали промени во начинот на исхраната, исфрлање на лебот, тестенини, шеќер и готовата храна со замена на протеини, зеленчук и здрави масти, ќе забележите подобрување во изгледот и енергијата. Свежиот зеленчук на кожата и пружа хранливи состојки кои се одразуваат на нејзиниот изглед. Исхраната богата со протеини им пружа на ќелиите на кожата ефикасна хидратација. Тајната се крие во здравиот режим на исхрана.
Добар сон
Голем број луѓе немоѓат да сфатат колку добриот сон влијае на забавувањето на стареењето на кожата. Физиолошки гледано, кожата има голем број фукции што треба да ги обработи во текот на денот, вклучувајќи ги процесите на метаболизмот, борбата со УВ зраците, заштитата на телото против патогените и регулирање на телесната температура. Во текот на сонот, кожата ги врши своите најзначајни функции, вклучително и на производството на колаген и еластин што се одговорни за нејзината цврстина и еластичност.
Допирање и „копање“ на лицето
Копањето на мозолчињата е доста честа навика која предизвикува иритација на кожата, зголемено црвенило и ширење на бактерии (што може да предизвика дополнителна инфекција). Доста е тешко да се ослободите од оваа тешка навика, па се препорачуваат третмани за лице на база на салицилна киселина за да ја спречите појавата на бактерии и воспалението на кожата. Ако се влоши состојбата задолжително посетете го вашиот козметичар или дерматолог.
Редовно чистење на лицето
Посветете се на негата на вашето лице, мијте го темелно. Иако овој процес ви се чини крајно едноставен, многу често луѓето брзаат и немаат време да му ја пружат потребната нега на лицето. Ако вие спаѓате во таа група на луѓе и свесни сте дека не го миете вашето лице како што би требало, длабински и темелно, мастите ќе се задржат на него.
Освежете ги очите!
Отечените очи наутро се објаснуваат со задржување на водата во текот на ноќта. Освежителен гел за очи, складиран во фрижидер, е одличен лек за освежување. Или натопете два дискови за чистење во раствор за чистење и ставете ги на очните капаци, седејќи опуштено неколку минути.