Засега непознат број луѓе загинале кога камион во саботата вечерта се залетал меѓу група луѓе собрани на забава со скара, објави холандската полиција за несреќа во градот Ниеув Беијерланд близу Ротердам.
Најмалку три лица загинале а повеќе се повредени, според првичните сознанија објави радиото NOS. На помош била повикана и службата за влечење возила, за да го извлече камиони кој припаѓа на шпанска компанија.
Според информациите на радиото NOS, во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брзата помош и хеликоптер, а неколку лица биле хоспитализирани.
Полицијата не соопшти засега колку точно луѓе загинале, туку само наведе дека ја истражува несреќата којашто се случила околу 19 часот по локално време, на околу 30 километри јужно од Ротердам.