Некрофилската политика на СДС причина за обид за убиство на Тодоров

Атакот на животот врз доскорешниот министер за здравство и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, е најверојатно последица на директниот резултат од некрофилската политика којашто ја води СДС особено последниот период.

Кога во моментов се’ уште не се познати деталите од атентатот, односно обидот за убиство, некои од медиумите објавија дека напаѓачот кој од непосредна близина стрелаше во Тодоров, е извесен Љупчо Стојановски, 57-годишник од Велес кој веднаш е приведен од страна на полицијата. Според досега достапните непотврдени информации тој бил постојан учесник на протестите што ги одржуваше т.н. „Шарена револуција“, која ја организираше и поддржуваше СДС и фондацијата „Отворено општество“, и наводно е дедо на малата Тамара Димовска од Велес, којашто почина во почетокот на 2015 година.

18834602_10212155021698012_77881699_n

Токму овој случај на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот, беше грубо и немилосрдно искористуван од СДС и нивните поддржувачи во интензивна пропаганда преку нивните медиуми против Тодоров, кој тогаш како министер за здравство иако вети дека државата ќе ја плати операцијата во износ од 30.000 евра, сепак беше цел на континуирана некрофилска пропаганда, а крајната цел на СДС беше да се створи омраза кон него.

Црната кампања на СДСМ за здравствениот систем во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е нешто што континуирано се „туркаше“ од сите соросоидни медиуми и СДСМ-овски партиски мегафони. Прикривајќи ја својата неспособност за унапредување на здравството во изминатиот период кога беа на власт, некрофилските политики на сега веќе владејачката СДСМ, беа единствениот кукавички истрел во борбата против најголемите реформи и реализирани проекти во македонското здравство досега.

тодоров1

Нивните постојани обиди лажно да ја дефокусираат јавноста со наводна зголемена смртност кај новороденчињата, и нспособноста на досегашниот министер за здравство, Ниола Тодоров, да управува со овој ресор, наведуваат на една од причините за создадениот револт и денешниот обидот за обид на убиство на Тодоров.

Мородерско водење политики на социјалдемократите и сите оние коишто придонесуваа годиниве за нивното востоличување во владата, без секакво двоумење, се непосредно одговорни за инцидентот, во кој за среќа нема жртви.

Доколку се потсетиме на тоа како од денеска провладините медиуми ја „третираа темата“ на малата Тамара, бескрупулозно користејќи ја трагедијата на едно семејство за добивање политички цели, повторно ќе дојдеме до потврдата дека стилот на водење кампања на СДСМ и нивните поддржувачи може да резултираат со посегање на животот на луѓе, коишто тие ќе ги одббележат за отстрел.