Нелоска: ВМРО-ДПМНЕ секогаш темелно пристапува кон нештата, наспроти СДСМ со површни ПР стратегии

ВМРО-ДПМНЕ секогаш темелно пристапува кон нештата не со површни ПР стратегии. Но многу ми е жал и тешко што гледам како СДСМ ја користи социјалната проблематика за градење на свој ПР со сосема површни активности и кои за цел имаат само да корумпираат особено пред избори, значи секогаш се појавуваат со овие активности пред избори, ќе таргетираат по неколку семејства, најверојатно нивни членови, некои кои што ќе однесат тоа што имаат да се пофалат. Но, проблемите остануваат и понатаму. Луѓето и понатаму се болни дома, семејствата се беспомошни и не знаат на која институција да се обратат, рече Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина на отворено на тема труд и социјална политика.

Нелоска додаде дека граѓаните поради неодговорноста на власта се чувствуваат изневерено и беспомошно, но ВМРО-ДПМНЕ со вистински проекти ќе им помогне за да им се подобри животот.

„Она што можам да го ветам од октомври откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори во Ѓорче Петров ова ќе биде една од носечките теми и одговорности на локалната самоуправа и сето она кое што ќе биде во надлежност на локалната самоуправа ќе биде од приоритет за општина Ѓорче Петров“, истакна Нелоска.