Додека општината тоне во долгови – над еден милион евра создаден долг во последните две години и секојдневно се земаат кредити, бројни ветувања остануваат нереализирани, улици со кал, нема канализација, над 400 дечиња на листа на чекање за во градинка, во основните училишта родителите сами купуваат сапун, граѓани со социјални проблеми, депонии, улици со дупки, истакна на денешната прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Нелоска посочи дека во општината Ѓорче Петров нема ништо од ветената гасификација, поврзување на улиците „Илинденска“ со „Ѓорче Петров“, амбулантата во населбата Дексион, пазар во населбата Даме Груев, ветениот клинички центар е ветување само на хартија, новата општинска зграда пропаѓа ние даваме пари за заевиот „Глобал“ во Струмица, за криминалот на Заеви,
„Трговскиот центар зад нас во кој требаше да биде и новата општинска зграда три години зјае недоправен, ама градоначалникот Алескандар Наумоски ќе вложува во струмичкиот Глобал. Доцни исплатата од 5.000 денари за родителите кои имаат новороденче, а Александар Наумоски исплаќа десетици пати повисока сума за трговскиот центар Глобал во Струмица“, рече Нелоска.
Додаде дека екот на пандемија и драматични бројки на заболени, оваа општина не одвојува средства за дезинфекција на јавни површини, училишта, градинки, паркови ама одвојува средства за трговскиот центар за кој Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра.