Нелоски: 3.500 животи се загубија, додека Заев се обидува да биде вицкаст и наместо здравје гледа провизии

Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1000 луѓе од КОВИД 19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста 3.500 животи се загубија, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, во Коментар на денот.

„Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе кои доколку имаше навремено вакцина немаше да се заразат или нема да ги изгубат своите животи. Заев и Филипче мора да сфатат дека штета која им ја нанесоа на граѓаните и државата е непоправлива, и залудни се сите обиди за спас. Потребна е одговорност, а не изјави со обид за засмејување на народот, од типот еве сега сме сигурни барем дека вакцините се безбедни. Не Заев, сега сме сигурни дека сте неспособни и дека наместо здравјето на граѓаните, на прво место ги ставивте вашите провизии“ рече Нелоски

Порача дека за ваквите однесување ќе има одговорност.

„Здравје, наместо провизии! Ве повикувам сите утре, сабота, со почеток од 11:30 часот пред министерството за здравство на протест против неспособните политики на Филипче кои нѐ чинат животи“, заклучи Нелоски.