Нелоски: Хумнитарна акција на УМС – Да помогнеме сите заедно!

Драги пријатели, познаници, граѓани на оваа држава. Утре, во 12 часот, на Плоштадот Македонија во Скопје, УМС организира хуманитарна акција на која Ве повикувам сите без разлика на вера, нација, политичка и било каква друга определба да дојдете и да донирате во рамките на своите можности (вода, свеќи, облека, ќебиња, средства за хигиена) бидејќи сега е најпотребно. Одвојте 1 час во текот на утрешниот ден и покажете ја Вашата хуманост, напиша синоќа на својот ФБ профил лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

Скопје многу пати било погодувано од временски непогоди и уште толку пати граѓаните покажале дека се солидарни и на дело го покажувале тоа, за да се надминат штетите од непогодите.

Дополнително ги повикувам сите кои се во можност да дојдат и да ни се приклучат во санирање на штетите од поплавата, имено од 12 часот точно напладне, па се до вечерните часови додека ни дозволуваат условите, на секој еден час ќе има комби-возила кои ќе тргнуваат од Плоштадот и ќе ги носат сите оние кои сакаат да помогнат на погодените од невремето.

Верувам и сигурен сум дека утре ќе ја покажеме нашата хуманост на дело и ќе помогнеме што побрзо да се заборави ова. Бидејќи природата не бира каде, кога и зошто, а ниту пак бира по политичка или било каква определба… ДА ПОМОГНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!