Нелоски: Немаше никаква дебата за укинувањето на дисперзираните студии, иако СДС ги најавуваше

Новата министерка укинува мерка која во изминативе неколку години ја користеа голем број на студенти. Најпрво уписнината за овој вид на студии е помала, потоа трошоците на семејството за еден матурант да студира дома или во околината на нивното живеалиште е многу помала отколку да го напушти родното место и да оди во студентските центри. Сметам дека оваа одлука не е правилна и најпрво требало да се прашаат оние кои ги засега пред да се донесе ваква одлука, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

-Со укинувањето на дисперзираните студии, студентите повторно се рангираат по социјален статус. Односно СДС прави да не може секој да студира. Во просек за едено семејство да прати матурант да студира некаде надвор од своето родно место во просек потребна е една просечна плата плус на семејните примања која не сите ја имаат. За разлика до сега кога матурантите размислуваа каде да студираат, односно на кој смер и кој факултет сега размислуваат во две насоки. Првиот избор е некако нивните родители да најдат средтсва дополнителни за да можат да отидат во Скопје, Штип, Битола, Охрид за да студираат или пак да не студираат и да не го продолжат образованието, истакнува Нелоски.

Јас не видов дебата, не видов дебата организирана од Министерството за образование, не видов дебата организирана од Универзитетите. Нив ги разбирам, поради тоа што оваа Влада на Зоран Заев е репресивна Влада, најверојатно поради страв од притисок само се произјасниле со одредено барање до Владата, изјави Владимир Нелоски.

-За оваа одлука да биде уште поконтроверзна доаѓа фактот што СДС, иако говори дека сите одлуки ќе ги носат низ јавна дебата, низ дискусии итн. Јас не видов дебата, не видов дебата организирана од Министерството за образование, не видов дебата организирана од Универзитетите. Нив ги разбирам, поради тоа што оваа Влада на Зоран Заев е репресивна Влада, најверојатно поради страв од притисок само се произјасниле со одредено барање до Владата, кое што јас го немам видено, не знам дали јавноста го има видено, дека има потреба од оваа мерка. Дел од нивното раководство е во Собрание како пратеници од СДС, дел од другите лица се директно финансирани од Фондацијата Сорос и сметаат дека образованието треба да им е достапно само на одредена група на млади луѓе, кои што живеат во студентските центри. Останатите најверојатно треба сами да се погрижат, да најдат начин како да студираат, додава Нелоски.