До каде се спуштија некои судии од апелација. Да мораат на 4-ти август во сред ферие, во сред лето, кога се работат исклучиво итни предмети, како никогаш досега, или барем не по монтираните судски случаи, хајките и прогоните во комунизмот, да носат целосно незаконска одлука и веднаш да ги информираат медиумите истиот ден, иако нема никаква итност за носење на одлуката во сред ферие (следното рочиште за овој предмет е на крајот на септември), пишува во својот фејсбук статус Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Само за да ги покријат две крупни негативни акта на владата: едниот од истиот ден со носењето на контраверзниот закон за јазици чии детали допрва ќе ги видиме следните денови и второто деновиве потпишаниот договор со Бугарија за кој веќе нацијата е во шок и неверување.
Не знам кои судии го направиле овој политички, правен и пред сѐ длабоко морален срам, но со овој нивен акт и официјално почнува времето на монтирани судски процеси против голем број лица од ВМРО-ДПМНЕ. Со двојна цел, едната да му се допаднат на владетелот и на неговиот владетел, што со монтираниот судски процес кон нас ќе му помогнат да верува дека станува посилен, и втората да му ги задскријат валканиците од договорот со Бугарија каде има срамни и крајно штетни отстапки од македонска страна и синоќа донесениот предлог закон за јазиците, со кој се воведува двојазичноста.
На 4-ти Август!!! Ги подбрале, си прифатиле, си донесоа противзаконска одлука и планираат мирно да спијат.
При така јасен закон (член 12 од ЗКП), да донесеш така спротивна на закон одлука, мора некоја голема причина да има. Срамота! Едвај чекам да се објави одлуката и имињата на судиите. Да види народот и да чуе кои се тие директни извршители на оваа марионетска власт. И да се запомни“, пишува Нелоски.