-0.2 C
Skopje
понеделник, јануари 6, 2025

Нелоски: За мене оваа земја секогаш ќе биде Македонија, без разлика на секој потпишан договор од страна на одредена влада

Но исто така и го следи пулсот на народот и се обидува на секој начин да се бори со сите правни средства кои ги што има за она што е од вистински интерес на Македонците. Ова го кажувам бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство, а јас заедно со него успеавме да останеме единствена политичка партија која што не го гушна Преспанскиот договор, односно од самиот почеток на преговорите до потпишувањето на договорот воедно и на референдумското изгласување како ВМРО-ДПМНЕ во ниеден момент не се согласи со тој договор, и целата одговорност ја има владата на Зоран Заев, нагласи Нелоски.

Нелоски при своето обраќање потенцира дека за него Република Македонија е земја каде што се родил, живее, ќе живее, ќе твори, играл за фудбалската репрезентација на Македонија и за него оваа земја секогаш ќе биде Македонија, без разлика на било кој потпишан договор од страна на одредена влада.