Заев вчера повторно кажуваше лажни вести овој пат фалејќи се со погрешни и измислени податоци за македонската економија, Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-1-та лага, е кога кажа дека за 4 месеци има за 70 милиона евра поголема наплата само од ддв.
-Но која е вистината?
Според извештајот на УЈП, во октомври 2019-та година имаме намалување кај ддв-то споредено со октомври 2018-та година за околу 500 илјади евра.
2-та лага е кога кажа дека севкупните приходи на државата во делот на исполнување се над 7%, и дека владата проектираше буџет со раст на приходите од 5.6%.
А каква е вистината? Приходите се за околу 3.2 милијарди денари помали од планираните или за околу 50 милиони евра помали. Споредено со 2018-та година било планирано да бидат 5.6% поголеми, а реализацијата е всушност помала за 46.6% помалку од планираното.
Заев за разлика од аферата “кеш” и прецизната исплата на пари за корумпираното СЈО, кога станува збор за буџетот гледаме дека кажува непрецизни и лажни бројки. Тоа се лаги со кој тој сака да го покрие неуспехот и економските порази. Доказ дека на Македонија и треба силна економија и обнова, промени кои ќе се почуствуваат во првите 100 дена од новата влада.