Овој хибриден режим на дело си го покажа своето вистинско лице со тоа што ја одби граѓанската иницијатива за собирање на потписи, но тоа како партија нема да нè спречи да ги повикаме граѓаните да излезат и масовно да ја дадат својата поддршка за спречување на овој незаконски донесен закон за попис.
Ова во интервју за КУРИР го истакнува Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
-Врз основа на одлуката на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе започне со граѓанска иницијатива на собирање на потписи на повеќе локации во државата, на плоштадите, низ маалата низ цела Македонија со што очекуваме да собереме сериозна бројка на потписи и на еден начин да не им дозволиме на Зоран Заев и Владата да го замолчат македонскиот народ и крикот кој што евидентно е насекаде дека им е потребен на македонските граѓани. Токму затоа ќе ја започнеме оваа иницијатива и набрзо ќе обзнаниме како ќе оди оваа постапка со собирање на потписи низ цела Македонија, истакна Нелоски.
Со него разговаравме за повеќе теми, а целото интервју со него можете да го погледнете во продолжение: