ВМРО-ДПМНЕ и денеска имаше прес конференција во која обелоденивме дефинитивно спрега помеѓу државата и мафијата. Министерството за внатрешни работи се обиде тоа најпрво смешно да го претстави како Христијан Мицкоски се среќавал со некој од приведените, доколку мисли на Зоран Заев кој е можеби вклучен во овој циркуз кој што се случува и е бламажа за Република Македонија. Да излезе министер за внатрешни работи и да каже дека ја воделе акцијата и акцијата ќе завршела ама ВМРО-ДПМНЕ не знам саботирала, ќе ти кажам Каевски ти си млад човек не влегувај во циркузот на Зора Заев и Оливер Спасовски. Не изигравајте кловнови за циркузот кој тие се обидуваат пред целата македонска јавост да ни го направат, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Како започнале настаните, потсети Нелоски. Во 2019-та година започнале некоја истрага. Прво зошто таа истрага трае две години, праша Нелоски.
-Истрагата трае две години и нема ништо. Додека не излезе со брифинг ВМРО-ДПМНЕ и за 24 часа СДСМ да направи “демиџ контрол” и да уапсат некои службеници кои немаат никаква врска со целата ситуација. За да се спасат големите риби. Сега сакате да ја убедите јавноста дека тој од шалтер е виновен за нарко босови, и за мафијаши светски познати дека извадиле пасоши и дека за тоа се криви шалтер работниците е потценување на интелегенцијата на народот. А Зоран Заев и Оливер Спасовски ја направија Македонија Панама од 80-тите години. Нарко босови доаѓаат во нашата држава за да земат патни исправи. Зошто Оливер Спасовски во јули 2019-та година на лицето Флоријај Мусај кој е исто така нарко бос познат во Европа му е дадена таква исправа. Еве не реагирале ни тогаш. Потоа му е даден пасош и на сериски убиец од Црна Гора и тогаш не е реагирано. Во 2021-ва година повторно не е реагирано. Тука е главниот показател за спрегата помеѓу власта и мафијата, изјави Нелоски.