Нема да гласам за уставни измени, нема да го изневерам народот

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор во судскиот предмет „Тенк“, изјави дека претходно на прес-конференција веќе најавил дека ќе го уапсат.

Тој посочи дека ќе ги искористи сите правни лекови и се’ што му следува согласно законот.

„Ова е класичен политички прогон. Ќе ги искористам сите правни лекови кои ми стојат на располагање. Овде нема потреба од нови докази затоа што веќе има многу докази за овој случај. Според обвинението, ме гонат дека сум влијаел да се купи возило во кое покрај другите требало да се возам и јас“, изјави Груевски.

На новинарско прашање  дали можеби ќе се одлучи да гласа за уставни промени во Собранието во врска со договорот со Грција,  Груевски рече дека нема да се трампа за амнестија.

„Нема да гласам за уставни промени и нема да ги поддржам истите. Јас немам намера да го изневерам народот“, изјави Груевски.