Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“.
„Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме “, вели Чижов во интервју за британски The Guardian.
Истакнува дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во источната погранична украинска пбласт Донбас, населена доминатно со руско и рускојазично население кое од превратов во Киев во 2014 година е во конфликт со силите под контрола на украинската влада.
Чижов посочува дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.
„И тогаш никој не кажа ни збор“, додава Чижов.
Рускиот дипломат вели и дека верува оти дипломатските напори во последните недели сепак може да резултираат со решение прифатливо за сите страни.