Објавената информација дека во Македонија ќе се возат поевтини половни автомобили од догодина надлежните ја демантираат. За тоа дали ќе има корекција на даноците за увоз на моторни возила од Владата велат дека во моментот не планираат корекција на законот.
– Ве информираме дека во овој момент такви корекции или предлог – законски измени за ова прашање нема, информираа од Владата.
Во Македонија просечната старост на возилата е околу 20 години, низ патиштата пак се возат претежно увезени половни автомобили кои најчесто се од Германија. Каде според податоците на autoscout24 просечната цена за користен автомобил опаѓа.
Од Царинска управа велат дека тие немаат влијание врз цената, туку само е одговорна за спроведување на Законот за данок на моторни возила и подзаконските акти и ја наплаќа таксата при увоз во домашниот промет.
– Во однос на изнесените наводи, ве известуваме дека нема измена на законот во делот кој се однесува на пресметување и плаќање на данок на моторни возила. – Царинска управа.Според статистиките од царинската управа само во 2024 година биле увезени без малку 54 000 моторни возила од кои најмногу се од категоријата патнички автомобили 49 462 од кои нови се 12 170 а употребувани 37 292. само во изминатиот месец низ царина поминале 4 739 увезени возила.