Нема договор за цената на нафтата на светските берзи

Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Mинистрите за енергетика на земјите производителки на нафта (ОПЕК) на синоќешната средба во Доха не постигнаа договор за цената на „црното злато“.

Средбата имаше за цел преку договор за замрзнување на производството во светски рамки да се стабилизира пазарот на нафта и да се зголеми нејзината цена.

Иако пазарот е постабилен отколку во февруари, вчерашната средба покажала дека главните противречности се меѓу Саудиска Арабија, највлијателната членка на ОПЕК и Иран, кој не сака замрзнување на производството по укинувањето  на меѓународните санкции. Следната средба на земји – членки и нечленки на ОПЕК ќе се одржи во јуни.

Според берзанските аналитичари, последните показатели за движењето на цените укажуваат на „нов режим“, заедно со јакнењето на глобалната економија, кое може да доведе до раст на цената на нафтата до ниво од 50 до 70 долари за барел во текот на оваа година.