Нема докази дека Русија размислува за употреба на нуклеарно оружје, оценува CIA

Рускиот претседател Владимир Путин е решителен да ја продолжи војната во Украина, но американската Централна разузнавачка агенција (CIA) не забележала никакви назнаки дека Русија подготвува користeње на нуклеарното тактичко оружје во судирот, изјави во саботата директорот на агенцијата, Вилијам Бил Барнс.

Претседателот Путин е во „таква состојба на духот што мисли дека не може да си дозволи пораз“ и мисли дека ќе „напредува доколку ги удвои напорите“, рече Барнс на настанот во организација на магазинот Financial Times во Вашингтон.

„Украинскиот отпор сѐ уште не го обесхрабрил, бидејќи сите влогови ги ставил на одлуките коишто ги донел пред да ја започнме оваа инвазија“, додаде Барнс.

Сепак, CIA засега не гледа „стварен доказ дека Русија подготвува разместување или дури можна употреба на тактичкото нуклеарно оружје“, додал директорот на една од најважните американски разузнавачки агенции.

„Имајќи ги предвид воено подбуцнувачките изјави коишто (….) ги слушнавме од руските челници, не можеме туку-така да ги сфатиме тие евентуалности“, додал Барнс велејќи дека неговата агенција е „многу концентрирана“ на тоа прашање.

Набрзо по печетокот на борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин на јавното советување со воено-политичкиот врв на земјата порача да бидат ставени во зголемена готовност руските сили за одвраќање, вклучително и стратешките сили што го подразбира нуклеарното вооружување, образложувајќи го тоа со заканите и улогата на западните земји, во прв ред САД и НАТО, во руско-украинскиот конфликт и зголемените западни трупи во близина на руските граници.

Западните медиуми и челници тогаш започнаа со шпекулациите дека рускиот челник е подготвен да употреби нуклеарно тактичко оружје во Украина, и покрај тоа што Путин повеќепати најави „брз и секавичен“ одговор во случај на „надворшено мешање во судирот“.

Русија, според процените на западните воени аналитичари, е во мала предност пред целиот НАТО во однос на поседувањето нуклеарно вооружување. Проценуваат и дека руската армија поседува многу нуклеарно тактичко оружје, со помала моќност од американските атомски бомби фрлени врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна, во согласност со руската доктрина „ескалација-деескалација“ којашто би се состоела во тоа прва да употреби нуклеарно оружје со мала моќност за да стекне предност во случај на конвенционален судир со НАТО.

Истовремено, западните сојузници уште во 2021 година се залагаа за воспоставување на концептот на „превентивен нуклеарен напад“ врз Русија во случај на воен конфликт, а според воените стручњаци изминатите неколку години водечките западни сили неколкупати симулирале нуклеарен удар врз Русија.