Ништо не упатува на тоа дека со ракета од типот „земја-воздух“ е соборен авионот со кој во средата вечерта леташе шефот на руската паравоена групација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, соопшти во четвртокот Пентагон.
Американската армија не располага со „никаква информација којашто би упатувала на тоа дека ракета ‘земја-виздухх’“ го предизвикала падот на авионот во средата вечерата, изјави на брифинг со новинарите портпаролот Пат Рајдер.
Информациите дека е употребено такво оружје се „неточни“, додаде портпаролот на Пентагон.
Генералот Рајдер изјавил и дека не може да изнесува информации за причината за уривањето на авионот со врвот на паравоената формација „Вагнер“ крај Москва што е предмет на секакви нагаѓања.
Меѓутоа, Соединетите држави мислат, „потпирајќи се на одреден број фактори, дека (Пригожин) веројатно е убиен“.
Рускиот Истражен комитет потврди дека ниеден од седумте патници и тријцата челнови на екипажот пријавени на летот од Москва до Санкт Петербург не го преживеал падот, но ниедно лице од таа листа сѐ уште не е официјално прогалсено за мртво бидејќи телата сѐ уште не се идентификувани.
Сепак, во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин им изрази сочувство на семејствата на жртвите, вклучително и на семејството Евгениј Пригожин со кого лично се познава од родниот град на двајцата Санкт Петербург.
Путин му изарази сочувство на семејството на Пригожин – беше надарен бизнисмен
Рускиот претседател Владимир Путин изрази во четвртокот искрено сочувство на семејствата нан загинатите во падот на приватниот авион меѓу кои беше и Евегениј Пригожин за кој рече дека бил „надарен деловен човек“.
Путин во телевизиската изјава рече дека треба да се сочекаат службените истраги за падот на авионот во средата вечерта во којашто загинаа сите седум патници, соработници на Пригожин и високи команданти во неговата воена приватна компанија „Вагнер“ и тројцата членови на екипажот.
„Во врска со воздухопловната трагедија во прв ред сака да им изразам искрено сочувство на семејствите на жртвите. Тоа секогаш е трагедија. Навистина, доколку службениците на групата Вагнер биле тами, а првите сознанија укажуваат дека биле, би сакал да истакнам дека тие луѓе дадоа значителен придонес на нашата заедничка работа, борбаа против неонацистичкиот режим во Украина, тоа го паметиме, тоа го знаеме и никогаш нема да го заборавиме“, рече Путин.
Го познавам Пригожин многу долго, од почетокот на 90-те. Тоа беше човек со тешка судбина, кој стори тешки грешки во својот живот, но постигнуваше добри резултати, па дури кога тоа беше барано од него за заедничката кауза, како последните месеци“, рече рускиот претседатл
„Беше надарен човек, надарен деловен човел, работеше не само во нашата земја и постигнуваше резултати, туки и во странство, особено во Африка. Учестиваше во работи со нафта, гас, благородни метали и скапоцени камења“, рече Путин на состанокот кој беше пренесуван на телевизијата.
„Колку што сум запознаен, вчера се вратил од Африка. И тука се сретнал со некои функционери“, додаде рускиот претседател.
Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет, Алескадар Бастрикон го известил за почетокот на истрагата за несреќата. Рече дека во моментов се спроведуваат технички и генетски експертизи за коишто е потребно време, но вети дека истрагата ќе биде доведена до крајот.
„Ќе биде спроведена до крајот. Во тоа нема сомневање. Ќе видиме што ќе речат истражителите’, рече Путин.
Во средата вечерта млазниот бизнис-џет од моделот „ Embraer Legacy“ на приватната компанија „МНТ-Аеро“ специјализирана за деловни летови, се урна на летот од Москва кон Санкт Петербург кој селото Куженкино во регионот Твер, севверно од руската престолнина.
Според операторот во рускиот воздхоповен сообраќај потврди дека на листата на патниците е и името на Евгениј Пригожин и на понезионираниот потполковник на специјалните единици на военото разузнавање, Дмитриј Уктин, кој се смета за вистинскиот основач на паравоената групација чиј борбен прекар бил „Вагнер“.
Шеесет идвегодишниот Пригожин го предводеше бунтот еднодневниот бунт на 24-ти јуни, како што рече, против водечките воени команданти на Русија, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека може да ја втурне земјата во граѓанска војна. Бунтот заврши со преговори и договор со Кремљ, според кој Пригожин се согласи да замине во Белорусија. Но, потоа беше објавено дека е виден како слободно се движи низ Русија. Пригожин, кој сакаше да ги собори министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Здружениот генералштаб Валериј Герасимов, во понеделникот објави видео во кое сугерираше дека е снимено во Африка, каде што борците на „Вагнер“ се активни повеќе години.