Нема единство во германската влада за прифаќање на мигрантите од Грција

Политичарите од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), кои се помалиот коалициски партнер во владата предводена од демохристијаните, побараа од сојузниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој доаѓа од баварската Христијанско-социјална унија (CSU), промена на неговиот став во врска со забраната на прифаќање на мигрантите од грлите острови.

„Министерот Зехофер мора да дозволу прифаќање на овие очајни луше, особено на семејствата со мали деца“, изјави претседателката на SPD, Саскиа Ескен за јавниот сервис ARD. Рече дека Германија „не може да ги прифати сите 13.000“ луѓе од изгорениот камп Морија на островот Лезбос, но дека „мора да придонесе во решението“.

Министерката за семејство Франциска Гифај му префрли на колегата во владата Хорст Зехофер блокада на решението. „На оние кои се подготве ни да ги прифатат бегалците од Морија тоа треба и да им биде овозможено“, рече Гифај.

Властите, главно од левите почитички партии, на неколку сојузни покраини и градови изразија подготвеност да прифатат одреден број миранти од Морија, но министерот за внатрешни работи на сојузно ниво одбива повикувајќи се на потребата од заедничко решение на ниво на Европската унија,.

Подготвеност за прифаќање на бегалци покажаа и некои претствници на демохристијанската Унија CDU/CSU. Сојузниот министер за помош во развојот Герд Милер, кој е сопартиец на Зехофер во CSU, се заложи за прифачање на 2.000 лица од уништениот во пожар камп Морија. Премиерот на сојузната покраина Баварија од истата партија, Маркус Зедер, порача, пак, дека ЕУ мора да одреагира на оваа ситуација.

„Европа мора да рагира на хуманитарната катастрофа во Грција. Доколку сојузната влада ги прифати луѓето од Лезбос, Баварија во секој случај ќе учествува во прифаќањето“, напиша Зедер на Twitter.

На прифаќањето на новите мигранти од парламентарните партии жестоко се противи единствено европскептичната и противдоселеничката партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Тоа би бил целосно погрешен сигнал за мигрантите и криумчарите. Видејќи пораката ќе гласи: кој ќе го запали својот камп ќе биде евакуиран во Германија“, порача портпаролот на AfD, Тино Хрупала.

Во средата во неколку германски градови беа одржани протести на коишто од германската влада беше барано да се прифатат бегалците од грчкиот камп Морија. Учесниците со транспаренти „Кај нас има место“ бараа затворање на сите бегласки кампови во на грчите острови и преместување на бегалците.

„Европскот решение не е на повидок и затоа одредени земји мора да дејствуваат“, соопшти организацијаа Зебрука, која со сродни организации за заштите на бегалците ги организраше вчерашните протести.