Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани откри дека нема вистина во последните шпекулации пласирани од италијанските медиуми дека сопственикот на „росонерите”, Силвио Берлускони е веќе разочаран од новиот тренер Кларенс Сидорф и дека кај него ја лоцира вината за поразот на тешкото гостување во Неапол.
„Берлускони го критикува Сидорф? Таквата информација е неточна, не е вистина дека има некаква критика. Не постои такво нешто. Ве лажи изворот, тоа не е точно. Јас лично, сум задоволен од работата на Сидорф, но не чека долг пат, не чека напорна работа”, изјави главниот оперативец на „росонерите”.