Нема лидерска средба – откажана е

Како што дознаваме, неофицијално, утрешната лидерска средба е откажана.

Причината се најавите дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да присуствува.

Официјално никој не потврдува, но неофицијално лидерот на СДСМ ги известил лидерите на партиите дека средбата е одложена.

Според наши извори, СДСМ смета дека без присуство на Мицкоски, нема логика да се одржува лидерската.

Утре се очекува СДСМ да ги соопшти ставовите во врска со Изборен Законик, Попис и Законот за Јавно Обвинителсто.