-Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.
– Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.
Од она што е познато, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.