Без напредок заврши последната средба на работните групи за предлог законот за јавно обвинителство. На средбата во Собрание на која што покрај претставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ учествува и пратеници од останатите пратенички групи. Се разгледуваа забелешките дадени од експертите во текот на дводневната јавна расправа.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека министерката за правда Рената Дескоска одбила да прифати било каква забелешка. Бараат експертите кои дадоа забелешки на законот да ги подготват амандманите за предлог текстот. Според Антонио Милошоски амандмани подготвени од експерти ќе дадат поголеми шанси за договор и прифаќање на предлог законот од страна на Собранието.
„Доколку Министерството за правда има политичка волја оваа тема помалку да се политизира, би било добро Министерство за правда како надлежна институција да ги повика овие експерти и со нив врз основа на нивните јавно искажани забелешки кои не се политички туку струлни да изговтат амадмани кои ќе наидат на пошироко одобрување и поголем консензус за овој закон. Ако одиме на полтизирање на самите амадмани, шансите за консензус ќе бидат помали“, рече Милошоски,
Министерката за правда Рената Дескоска пак ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да подготватамандмани да ги достават до утре до 12 часот.
„Она што го видовме низ изразени амандмани денеска од пратеничките групи кои навистина се желни, сакаат да влезат во процесот на носење на законот, ме охрабрува и мислам дека ќе има приближување на ставовите“, рече Дескоска.
Таа најави нова средба за предлогот во понеделник.
Свои барања за законот изнесоа и од ДУИ. Пратеникот Артан Груби вели дека во законот треба да биде отслика ид Законот за јазици, како и да се намалат критериумите за јавен об инител со цел да се запази правичната застапеност во јавното обвинителство.
„Рековме дека би требало да се отслика и Законот за употреба на јазиците во рамки на Јавното обвинителство, а исто така да се намалат критериумите за да се запази правичната застапеност на заедниците во ЈО“, изјави пратеникот Артан Груби по завршување на средбата.
Во обраќањето на јавната расправа експертите изнесоа забелешки на околу 25 членови од предлог текстот за законот. Професорката по уставно право Гордана Силјановска-Давкова, беше децидна дека законот треба да се даде на разгледување на Венецијанската комисија и дека не може да се носи по скратена постапка. Со голем дел од нејзините забелешки се согласи и Владо Камбовски, како претседател на Комисијата која го изработуваше предлог-законот. Тој уверуваше дека Собранието „се наоѓа во позиција кога мора да го донесе овој закон, дури и по цена на одложени избори, затоа што без владеење на правото нема перспектива за земјата и тоа е суштествен услов за европска интеграција“.
Професорот Гордан Калајџиев рече дека треба да се искористат добрите работи од законот за СЈО, но го проблематизираше продложувањето на постпаките. Во текот на своето излагање, исто така апелираше до главниот јавен обвинител Љубомир Јовески да го објави писмото од поранешната специјална обвинтелка Катица Јанева, со кое се овозможи трансфер на предметите на СЈО во редовното обвинителство. Претходно, од Јовески тоа го побараа неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа со таков транспарент на галеријата за време на дискусијата на републичкиот обвинител.
Во однос на трансформацијата на СЈО, професорот Гордан Калајџиев, посочи дека едно од можните решенија е целосно ново обвинителство за организиран криминал, кое ќе добие поголема автономност и кое нема да биде водено од актуелниот обвинител. Нагласи дека во иднина треба да се внимава на највисоките функции во земјава да се поставуваат луѓе со интегритет.
Професорот Климовски смета дека со предложениот Закон за јавно обвинителство уште еднаш се прави обид за кршење на Уставот во делот за статусот и принципите на јавно обвинителство. Првиот пат беше со СЈО, а сега се прави обид истиот тој правен дефект да се инсталира во овој закон, претворајќи се во репресивна алатка за остварување на политички цели.