Нема настрадани македонски државјани во поплавите во западна Европа, објавени телефоните на кои може да се побара помош

Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Македонија, соопшти во петокот вечерта македонскот Министерсво за надворешни работи.

„Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ, се наведува во соопштението споделено и на фб статусот на шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:

Берлин: +49 15255691603

Минхен: + 49 162925525

Хаг: + 31 6 38174907

Брисел: +32 27329108.