Таткото на репрезентативецот на Германија и член на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган, Ирфа, откри дека нема ништо сигурно кога е во прашање иднината на неговиот син.
„Се е отворено, сите опции се во игра, но ние прво ќе седнеме на преговарачката маса со раководните лица на Борусија од Дортмунд. Во овој момент, не сакам да го замарам мојот син со оваа ситуација. Неговото здравје е на прво место. Кога ќе се рехабилитира од последната повреда ќе седнеме на преговарачката маса”, изјави таткото на Гундоган.
Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а германските медиуми се убедени дека шпанскиот гигант Реал (М) ќе биде следната дестинација на Илкаи Гундиган.