Нема нови преговори, ниту за Преспа, ниту одново преговарање за напредок кон ЕУ, изјави Агелер

-Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања.

Новата Влада веќе една недела како ја презеде власта, што треба да очекуваат македонските граѓани, кои треба да бидат приоритетите ?

Демократијата е многу кревка работа и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И. сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, да се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија.

Но, во фокусот деновиве е на употребата на уставното име Северна Македонија од страна на новата влада. Премиерот Мицкоски и сите министри го употребија за време на полагањето заклетва. Но, Мицкоски беше јасен дека ќе го користи само во официјална комуникација, а не во државата. Дали ова е во согласност со договорот од Преспа?

Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но, тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но, како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но, важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори.

На пример, во Вашингтон ДЦ, идниот месец, за само неколку недели тој и неколку негови клучни министри ќе одат на самитот на НАТО на 75-та годишнина на НАТО. Северна Македонија е прекрасен, силен сојузник во НАТО, и сакаме разговорот во Вашингтон да биде за Украина, да биде за ширење, развивање и засилувањето на оваа НАТО алијанса која ја имаме, која е многу критична за мирот во Европа, и за треба да се разговара.

Реакциите од Грција продолжуваат, исто и од Бугарија. Властите во Бугарија изјавија дека се против нови преговори со Северна Македонија, откако Мицкоски изрази подготвеност пак да преговара, но и изјави дека никогаш нема да гласа за уставни измени. Дали САД поттикнуваат нов дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија?

Тие Договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно. Има разлика, како што знаеме во мојот земја, меѓу тоа што се кажало во кампањите, што се кажало низ години, а што сега за да се оди напред. И силно се надеваме дека е направен прогрес, дека тие стари употреби или терминологии може да се остават на страна, и дека соседите, сеедно кој, почнувајќи од Северна Македонија ќе може да имаат важни разговори од кои сите инволвирани ќе имаат корист. Се надеваме дека тоа ќе го видиме.