Од обвинителството на Катица Јанева не кажуваат во која фаза од постапката што ја воделе, Коста Крпач станал како што тврдат „сведок“, јавува телевизијата „Алфа“.
Имено, како што коментираат безбедносните служби за телевизијата, праксата не познава случаи во кои вооружени „алфи“ вршеле претрес во дом на сведок кој сам им пристапил на органите на прогонот и одлично соработувал со нив како што за Специјалното обвинителство бил и Коста Крпач. Додека обвинителството одгатнува што се случило за Крпач да заврши кобно, дали и кој му вршел психичка тортура, серија експертизи и обиди да се покаже што бил всушност 40 годишниот скопјанец пред органите на прогонот!?
Од обвинителството на Катица Јанева не кажуваат во која фаза од постапката што ја воделе, Коста Крпач станал како што тврдат „сведок“. Од телевизијата Алфа вчера побарале одговор од СЈО дали за Крпач како осомничено лице во постапка е побарана наредба за претрес и врз основа на сомневање за кое дело, дали со наредбата за вршење на претрес во дом се обезбедени предмети и траги кои потекнуваат од кривично дело важни за постапката? Дали пред да се изврши наредбата за претрес на домот е извршен разговор со Крпач или разговорот е извршен по претресот на станот? Дали Крпач бил повикан со писмена покана како сведок во СЈО и дали при испитувањето е снимен со визуелно-тонски средства?
Информациите кои ги барате се дел од предистражна постапка која е тајна и со оглед дека истата е во тек, освен податоците кои јавно ги објавивме, не сме во можност да ви обезбедиме други податоци, бидејќи објавувањето на други податоци може да штети на истрагата. Сакаме повторно да укажеме дека лицето Коста Крпач никогаш не било осомничено лице и дека претрес на дом може да се врши и на други лица, а не само на осомничени лица, бил одговорот од СЈО на 7 те прашања на Алфа.
Телевизијата наведува дека во членот 182 од ЗКП, е опишано во кои услови се врши претрес на дом.
Законот освен кај осомничен предвидува и претрес на дом и на „други лица“ но основа за претрес кај лице во дом се врши за да се пронајде обвинетиот, а не сведок, како и за да се обезбедат предмети и траги на кривично дело. Освен во домот на Крпач, СЈО од скопскиот кривичен Суд побара налог за претрес на Централен регистар, од каде изврши заплена на документи од 2 фирми, едната поврзана и со Крпач, јавува Алфа.
Од СЈО велат дека Крпач имал притисоци, за што имале и докази, но одбија да одговорат, ако било така, дали од јавен обвинител на оваа обвинителство бил определен како загрозен сведок.