Ако се гледа објективно изборите на 5 јуни се последната шанса за Македонија – да не го смени името, официјално да не се федерализира. Меѓутоа тоа е и последната шанса на ВМРО-ДПМНЕ да биде победник, при тоа апсолутен победник. Уште повеќе што опозицијата до крај се компромитира со увезувањето на терористи од КАНВАС, како и од Косово, Грција, и од Албанија. На се’ поголем број македонски граѓани им е јасно дека позади лозунзите за слобода и демократија и против криминалот се уништува македонската држава. Затоа и рејтингот на ВМРО моментално е 2,5 спрема 1 во однос на опозицијата. Затоа и целта на СДСМ беше да собере во Македонија вкупно 60.000 демонстранти. Откако не успеа во Скопје да одржи големи собири заложи бројни градови: демонстрации со по 4-5.000 учесници. Сега повикот е да се одржуваат лидерски средби со компромитираните државни и национални предавници.
Од каде доаѓаат тие повици?
САД и ЕУ од една страна и Ахмети од друга, си ги туркаат своите цели. Единствената позитива на вештачката политичка криза е што се симнати маските во Македонија. Од политичките фаци и така наречените невладини организации, до така наречените интелектуалци и новинари. СТАНА ЈАСНО КОЛКУ И КАДЕ Е ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТСКИ МАКЕДОНСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ. Тоа е многу важно зашто тој потенцијал ќе ги брани македонската држава и македонските интереси и мора да се знае кој е кој. Во изминатите 25 години намерно и во политиката, и во науката, и во уметноста, и во литературата работите беа помешани и фаци од разни политички бои меѓусебно се обвинуваа за предавништво. Дури и капитулацијата во 2001 година не расчисти со вистинските предавници.
Воопшто не се чудам кога луѓе како Жидас Даскаловски трескаат контраверзии. Од една страна странците се мешале во македонската политика што не било добро и избори на 5 јуни морало да има, а од друга страна по изборите морало да се создаде коалициона влада за да немало победници и губитници. Зошто се тогаш изборите? И второ, тука не станува збор за обична политичка битка, туку за борба за зачувување на македонската држава. Борба меѓу Македонците кои си ја сакаат татковината и Македонци (по место на раѓање, но не по самосвест) странски платеници кои ја уриваат државата. Даскаловски не сака да го признае тоа зашто е растргнат меѓу вистината и надворешната финансиска поддршка за неговиот Центар. Такви организации во Македониај има многу – се обидуваат да лавираат меѓу Сцила и харибда, но практично носат штета на македонските интереси.
Блиску до групата „кооперативни идиоти“ се и инфантилни личности на просечна возраст меѓу кои и многу пратеници на ВМРО. Такви луѓе како Илија Димовски и Владимир Ѓорчев (првиот е пратеник од 2006, а вториот од 2008 година) користат речник како во детска градинка: „Заев да се извини“, „Заев не мисли за Македонија“ и т.н. и фрлаат празни зборови како: нема да дозволам…тоа или она. Кога си на функција не мора да најавуваш туку да правиш. Проблемот е што досега ВМРО-ДПМНЕ бира за пратеници, министри, виши државни функционери млади луѓе без никакво работно и животно искуство. Дипломата не е доволна да бидеш политичар, потребен е карактер и дух.
Уште потежок е случајот со преваранти како Ивица Боцевски кои за своите 38 години скокна од СДСМ во владите на ВМРО-ДПМНЕ, стигна до вицепремиер, потоа стана член на опозиционата ЛДП, потоа посебен советник на претседателот Иванов (избран од ВМРО-ДПМНЕ), а сега амбасадор во Бразил без ден дипломатско искуство. Како вицепремиер Боцевски ќе биде запаметен единствено со признавањето на Косово на штета на македонските интереси. Дел од големите проблеми на владеачката партија во последниве години дојдоа од брановите во неа на кадри од СДСМ и други опозициони формации, при тоа кадри без квалитет. Каков амбасадор ќе биде Боцевски се гледа од апологијата за САД во која треска фантастични ставови дека до крајот на 21-от век оваа банкротирана држава ќе бидела светски хегемон. Ќе потсетам дека Бразил заедно со Русија, Кина, Индија и Јужна Африка веќе ставија крај на американската хегемонија и во политиката и во економијата. Затоа и во тие земји мора да се праќаат врвни македонски дипломати.
АКО ДОСЕГАШНАТА КАТАСТРОФА ВО ПРАТЕНИЧКИТЕ, МИНИСТЕРСКИТЕ И АДМИНИСТРАТИВНО – ДРЖАВНИТЕ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖИ, ТОГАШ НАВИСТИНА НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ.