Нема повеќе пушење на јавни места во Турција, за го забави ширењето на коронавирусот.

Нема повеќе пушење на јавни места во Турција.

Државата денес забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на коронавирусот.

Веста ја соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција, а владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до ограничувачките мерки.

Забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено за да пушат цигари.

На почетокот на оваа недела е воведен полициски час во Истанбул и Анкара за лица постари од 65 години –  забрането им е да излегуваат на улица од 22 до 4 часот наутро.

Бројот на новоинфицирани со вирусот корона во Турција скока од ден на ден, па во средата се регистрирани 2.693 нови пациенти, објави Ројтерс.

Досега од вирусот починаа над 11.000 луѓе во Турција.