Оваа летна сезона нема да се кампува покрај езерото Младост, пишува порталот Пресс 24.
Од локалната самоуправа на Велес велат дека поголем дел од просторот над патот има сопственици и се очекува за кратко да почнат градежни работи. Ќе се градат четири хотели и мотели.
Во тек е јавен оглас за продажба на уште две парцели покрај Младост. На нив е предвидено да се градат хотелски комплекси.
Според урбанистичкиот план, објектите ќе имаат три ката и приземје.
Инаку на Младост моментално привршува поставувањето на потребната инфраструктура. Објектите се приклучени на водоводната мрежа а завршува изградбата на фекалната канализација.