![пожар](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/pozar1.jpg?resize=580%2C387&ssl=1)
Во вчерашниот пожар кај поранешна Панорама на Водно нема повредени. Причинета е само материјална штета.
Вчера се запали покривна конструкција од нова зграда на местото на некогашниот хотел Панорама, на улица „Тодор Александров“ број 77.
Пожарникарите го изгаснаа, а се сомневаат дека инсталациите се причина за пожарот.
Инаку, се работи за локација на Водно каде што се наоѓаат неколку нови луксузни објекти.