Повеќе закони веќе се ставени во разни собраниски процедури и пратениците на вонредна координација што денеска е во тек во Собранието, треба да ја утврдат динамиката за нивно спроведување за да може измените на законот за попис да се најдат на дневен ред, рече собранискиот спикер Талат Џафери.
Како што кажа Џафери, Деловникот пропишува одредени рокови и законски постапки поради кои не може да се прецизира тајмингот за негово усвојување во законодавниот дом. Засега е неизвесен ниту почетокот на седницата на која ќе се донесе потребата од измени во законот за попис.
Џафери додаде дека поради пропишаните процедури во Собранието тој требало да биде присутен на средбата Мицкоски – Заев.