(ВИДЕО) Нема преживеани во падот на патнички авион крај Москва

Сите 71 патник и членови на екипажот, меѓу кои едно дете, загинале во неделата во пад на патничкиот авион од моделот „Антонов 148“ во близина на руската престолнина Москва, пренесуваа руските агенции, повикувајќи се на министерството за вонредни ситуации

„Пронајден е трупот, нема преживеани“, цитира извори од местото на несреќата агенцијата ТАСС. Меѓу загинатите се 65 патници и шест членови на екипажот.

Авионот на компанијата „Саратов Ерлајнс“ исчезнал од радарите помалку од десет минути по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово, пренесува агенцијата РИА. Летал кон градот Орск, кој се наоѓа во регионот Оренбург, на границата со Казахстан.

Сѐ уште не е познато што ја предизвикало несреќата. Руското министерство за сообраќај разгледува неколку можни причини, вклучително и лошите временски услови и грешка на пилотите.