о скопската гимназија „Орце Николов“, нема да има квалификациони тестови на 22 јуни, за прием на нови ученици. Оваа информација за „Fakulteti.mk“ ја потврдил директорот Митко Димовски.
Иако во оваа гимназија се пријавени повеќе ученици со просек 5.00, од предвидениот број, нешто што се очекуваше, сепак, нема да има приемен испит.
Димовски ни изјави дека побарал од Министерството за образование и наука да се примат сите ученици и да нема приемен бидејќи не би било безбедно да се организира такво тестирање за повеќе од 300 ученици. МОН го прифатило барањето и списоците со примените ученици се веќе истакнати во училиштето и на нивната Фејсбук-страница.
– Станува збор за 16 ученици. Имаме пријавено 301 ученик со просек 5.00, а според Конкурсот требаше да се запишат 285. Сите се примени, без тестирање. Ќе бидат формирани 9 паралелки во прва година – вели Димовски.
Во оваа гимназија ќе има тестирање само во билингвалните паралелки по англиски јазик, по предметот англиски јазик. Има 145 пријавени ученици со 75 бода, а се примаат 136 во 4 паралелки.