Професорот по устанно право, Александар Спасеновски смета дека нема никаков проблем и постои можност да се усвојат уставните измени со одложена примена, што впрочем е предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што произлезе по минато неделната лидерска средба со премиерот и лидер на Социјалдемокрстакиот сојуз, Димитар Ковачевски.
-Доколку се водиме од внатрешните аспекти поврзани со уставниот поредок на државата, можеме да заклучиме дека нема никаков проблем било кои измени на уставот и било кој амандмани, вклулувајќи ги и овие, да се усвојат на начин на кој што, тие би имале одложена примена. А впрочем, ние сме имале такви искуства и во минатото, вели професорот Спасеновски во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој посочи дека до сега во Македонија имало такви пракси на усвојување на уставни измени или негови амандмани кои имале одложена примени и истите стапувале на сила подоцна.Спасеновски додава дека согласно македонскиот уставен правен систем тоа се прави со Законот за спроведување на уставот.
-Имало случаи кога одредени амандмани кои што биле усвојувани, станувале дел од уставот на државата имале одложена примена, започнувале да се применуваат подоцна. Согласно нашиот иставно правен систем, тоа се прави со уставниот Закон за спроведување на уставот. Најсвеж пример ни е примерот од 2019 година, со склучувањето на Преспанскиот договор, кога за дел од амандманите кои што беа усвоени во таа прилика, беше предвидено одложено дејство или период во кој што ќе бидат направени промените или тие ќе стапат во сила, рече Спасеносвки.