Украинските власти не планираат да прогласат вонредна состојба, изјавил министерот за надворешни работи на Украина, Леонид Кожара за време на телефонскиот разговор со својот полски колега Радослав Сикорски, пренесоа локалните медиуми.
Комисијата за надворешни прашања на полскиот сенат го осуди распрснувањето на проевропските демонстранти и го повика Киев да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија.
Претходно беше објавено дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ќе пристигне во Киев на петти или шести декември.