Нема промена на цените на горивата за оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека ценовниците остануваат како и минатата недела, па така бензинот Супер од 98 октани ќе се точи за 71,50 денари литар, безинот Супер од 95 октани ќе се точи за 69,50 денари литар. Еуро дизелот и оваа недела ќе се точи по цена од 61,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,014 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,181 ден/кг.