![NEMA FUDBAL BITOLA TETOVO](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/NEMA-FUDBAL-BITOLA-TETOVO.jpg?resize=600%2C450&ssl=1)
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која се забранува играње на прволигашки натпревари на Градскиот стадион во Тетово, на “Железарница” во Автокоманда и на “Тумбе Кафе” во Битола.
Овие стадниони не ги исполнуваат предвидените услови и критериуми за одигрување на натпревари од Првата македонска фудбалска лига.
Сите потребни услови ги исполнува само националната арена “Филип Втори” во Скопје, а дозвола за одигрување на прволигашки натпревари доби и Градскиот стадион во Кратово каде игра екипата на Силекс, стадионот „Кукуш“ во Турново каде ќе игра Хоризонт, Градскиот стадион во Штип каде ќе игра Брегалница и стадионот на Македонија ЃП во Ѓорле Петров каде како домаќин ќе биде Тетекс.