Нема стабилни институции без почитување на волјата на мнозинството

Вели дека тоа нема да донесе ниту ефикасно Собрание, ниту стабилна работа на Собранието, ниту стабилни институции.

Ако стабилноста на државата е нашиот интерес, тогаш треба да ја почитуваме волјата на народот кога ќе го составуваме ова Собрание и кога ќе го избираме Претседателот на Собранието и кога ќе расправаме за изборот на влада, посочи Милошоски.

Посочи дека туркањето на мнозинството Македонци во опозиција нема да има стабилни институции.

Без почитување на волјата на мнозинството Македонци и нивно туркање во опозиција, нема да можеме да стигнеме до стабилни и ефикасни институции, затоа треба заеднички да смогнеме сили и политички капацитет во интерес на Република Македонија, да ги отфрлиме платформите кои што не се од национален интерес на нашата држава и нашите граѓани, потенцира Милошоски.