Нема стоп за хуманитарните конвои во Сирија

Портпаролот на Агенцијата на ОН за хуманитарна помош, Јенс Лерке изјави дека очекува „неколку“ конвои уште денеска да заминат кон загрозените места во Сирија.

Тој не нагласи во кој дел од Сирија ќе се случи тоа, но истакна дека конвој нема да замине кон провинцијата Алепо, каде се случи нападот во понеделникот.

Лерке призна дека се уште не е завршена целосна проценка, но додаде дека планираните испораки ќе се спроведуваат од случај до случај.

Претходно, ОН соопшти дека се подготвени да испратат конвој со хуманитарна помош во тешко достапните и местата кои се под опсада во Сирија, што е можно поскоро.