Нема траги од насилство на телото на Илиевски

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство.
Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, велат од ОЈО.